Утрински Весник
Свет

Германија протера 40 руски дипломати

Германија протера 40 руски дипломати

Германското Министерство за надворешни работи одлучи 40 вработени во руската амбасада да ги прогласи за персона нон грата, објави германскиот неделник „Шпигел“.

Оваа информација ја потврди и министерката за надворешни работи Аналена Бербок, без да го наведе бројот на руски дипломати кои ќе бидат протерани, пренесе Интерфакс.

Бербок рече дека владата во Берлин одлучила да ги прогласи за непожелни „значителен број вработени во руската амбасада“, кои, како што наведе таа, „секојдневно работеле против нашата слобода и единството на нашето општество“.

„ Нивната работа претставува закана за оние кои бараат наша заштита. Ние нема да го толерираме тоа“, рече Барбок.

Таа додаде дека за таа одлука денеска бил информиран рускиот амбасадор во Германија.

Можете да прочитате

Шпанијa ги забранува цигарите и на отворено

Руски дронови на небото над Полска, активирана воздушната одбрана, свикан итен состанок на државниот врв

Макрон избра нов премиер на Франција