Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија протера двајца руски дипломати

Германија протера двајца руски дипломати
Img 7972

Берлин прогласи за „персона нон грата“ двајца вработени во руската амбасада поради случајот со убиството на грузискиот државјанин, Зелимкан Кангошвили, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок.

„Ова убиство по државен налог, како што денеска утврди судот, е тешко кршење на германскиот закон и германскиот суверенитет. Затоа го поканивме рускиот амбасадор на разговор“, изјави таа за новинарите, а пренесе РИА Новости.

Претходно, Врховниот суд во Берлин го прогласи рускиот државјанин Вадим Соколов за виновен за убиството на Кангошвили и го осуди на доживотен затвор.

Според германското обвинителство, делото е извршено по налог на руската влада, а одбраната инсистира дека нема доволно докази за тврдењата на обвинителството.

Рускиот амбасадор во Германија, Сергеј Нечајев, пресудата ја нарече пристрасна и политичка, што, оцени тој, дополнително ги усложнува односите меѓу двете земји.

Рускиот дипломат рече и дека станува збор за непријателски чин кој нема да остане без одговор.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари