Утрински Весник
Свет

Германија испрати во Украина оружје и опрема во вредност од 190 милиони евра

Dik 300x250 mk

Германија испрати оружје и опрема во вредност од повеќе од 190 милиони евра во Украина во првите осум недели од руската инвазија.

Помеѓу 24 февруари и 19 април, Германија одобри испорака на оружје во вредност од 120,5 милиони евра за Украина и друга воена опрема во вредност од 71,4 милиони евра, соопшти Министерството за економија како одговор на прашања во парламентот.

Минатата недела Берлин одобри извоз на 50 противвоздушни тенкови Гепард, со што Германија за прв пат директно ќе испорача тешко оружје.

 

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија