Утрински Весник
Свет

Германија го прекори Ердоган за навредите упатени кон Макрон

Германија го прекори Ердоган за навредите упатени кон Макрон

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упатени за неговиот француски колега, Емануел Макрон.

„Личните напади на Ердоган врз Макрон се неприфатливи“, рече Мас, а пренесе „Раша Тудеј“.

Министерот потврди дека Берлин е солидарен со Франција по прашањето за борбата против тероризмот и исламскиот екстремизам.

Во исто време, Мас предупреди да не се поврзуваат милиони муслимани кои го почитуваат законот и живеат во Европа со насилни екстремисти и убијци.

„Тоа би било во полза на оние кои сакаат да го поделат нашето општество. Ние нема да го прифатиме тоа”, рече Мас.

Макрон на почетокот од месецов најави сеопфатни планови за сузбивање на исламските радикали во Франција, велејќи дека исламот на глобално ниво е во криза поради подемот на фундаменталистите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел започна копнена офанзива за заземање на градот Газа

Пензионери освоија 12 милиони евра, а со денови не знаеле: Тикетот им стоел на фрижидер

Пукано во автомобил на полски европратеник