Утрински Весник
Свет

Германија ги зголемува ограничувањата на населението околу пандемијата на коронавирус

Германија ги зголемува ограничувањата на населението околу пандемијата на коронавирус

Германија би можела, како дел од пакетот мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, да ја продолжи забраната за сите големи настани до крајот на годината, според нацрт-документот што ќе биде претставен на состанокот на канцеларката Ангела Меркел со премиерите на провинцијата.

Забраната на настани како концерти, спортски настани и фестивали истекува на крајот на октомври.

Германија успеа да го задржи бројот на заразени и починати од Ковид-19 на релативно ниска стапка во однос на некои европски земји, но дневниот број на заболени се зголемува од почетокот на јули и е се поголем во текот на изминатите неколку недели.

Некои политичари критикуваа дека прописите се различни меѓу провинциите, додека други тврдат дека провинциските власти треба да ги одредат врз основа на бројот на заразени лица на локално ниво.

Предлогот, за кој треба да разговараат Меркел и водачите на покраините, вклучува ограничување на приватни собири на 50 лица во ресторани и слични простори, а до 25 во куќи.

Предвидена е минимална казна од 50 евра ако не се носи маска таму каде што е задолжително.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море