Утрински Весник
Свет
Img 7972

Германија воведува закон за задолжително шетање на кучињата двапати на ден

Германија воведува закон за задолжително шетање на кучињата двапати на ден
Img 7972

Следната година во Германија ќе се донесе закон според кој сопствениците на кучиња ќе треба да ги шетаат своите миленичиња двапати на ден, наведува „Гардијан“.

Германската министерка за земјоделство Јулија Клекнер изјави дека новиот закон ќе биде донесен затоа што податоците покажуваат дека 9,4 милиони кучиња во земјата не поминуваат доволно време надвор.

Според новиот закон, сопствениците на кучиња ќе треба да ги однесат своите миленици надвор двапати на ден, секој пат барем по еден час, пренесува „Танјуг“.

Клекнер рече дека овие правила се засноваат на научни факти кои покажуваат дека на кучињата им е потребна доволна количина активност и контакт со стимули од надворешното опкружување, во кое спаѓаат и други животни, природа и луѓе. Ќе биде забрането да се врзуваат кучиња и да се водат на поводник премногу долго.

На кучињата нема да им биде дозволено да останат сами во куќата цел ден, а сопствениците ќе треба да се грижат за своите миленици неколку пати на ден.

„Кучињата не се кадифени играчки. Тие имаат свои потреби, кои мора да бидат земени предвид“, рече министерката за земјоделство.

Најавувањето на новиот закон покрена бројни дебати во Германија, а главното прашање е кој ќе биде надлежен за проверка на 19 отсто од домаќинствата во оваа земја кои имаат куче како домашно милениче.

Портпаролот на Министерството за земјоделство рече дека властите во сите 16 сојузни држави на Германија ќе бидат надлежни за спроведување на новиот закон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија ќе има кибер армија, најави италијанското МО

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела