Утрински Весник
Свет

Германија воведе задолжително тестирање за коронавирус на аеродромите

Германија воведе задолжително тестирање за коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, nајверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува „Дојче веле“.

Поради тоа земјата воведе задолжително тестирање, кое започнува да важи од утре, во спротивно ќе следат големи парични казни.

Најголемиот германски аеродром во Франкфурт на Мајна добро е подготвен за тестирања кои ги најави сојузниот министер за здравство, Јенс Шпан. Деветнаесет кабини за тестирање се подготвени на аеродромот веќе неколку недели. Патниците во нив досега можеа доброволно да се тестираат, доколку пристигнале од некои од ризичните земји. Сега тоа ќе биде задолжително.

„Пандемијата не е готова“ изјави Шпан.

Тој стравува дека кон крајот на летниот распуст во многу германски сојузни покраини, со враќањето на туристите од ризични области, бројот на заразени дополнително ќе почне да расте.

Актуелните бројки се вознемирувачки. Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека во средата се регистрирани 1.045 новозаразени. Толку заразени во еден ден немало од мај и тоа би можело да биде почеток на нов бран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале