Утрински Весник
Свет

Германија: Вакцинација против коронавирус во првиот квартал од 2021 година

Германија: Вакцинација против коронавирус во првиот квартал од 2021 година

Германија не очекува вакцината против коронавирус да биде достапна пред првиот квартал од следната година, пишува во копијата од нејзината национална стратегија за вакцинација.

Во стратешкиот документ на Министерството за здравство на 15 страници, до кој „Ројтерс“ имаше пристап, седум потенцијални вакцини, чие тестирање треба да заврши оваа или следната година, може да бидат достапни во доволни количини за да се започне национална кампања за вакцинација за приоритетните групи.

Станува збор за вакцините на Астразенека, Бионтек со партнерот Фајзер, Модерна и Нововакс, Џонсон и Џонсон, Глаксосмитклајн и Кјурвек.

Германија планира да формира централизирани центри за вакцинација и да ги вакцинира приоритетните групи пред се.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија