Утрински Весник
Свет

Германија бара одобрување на вакцината пред Божик

Германскиот министер за здравство: Вакцината против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Германскиот министер за здравство Јенс Спан изврши дополнителен притисок врз Регулаторната агенција за медицина на ЕУ (ЕМА) да издаде дозвола за употреба на анти-ковид вакцина од „Фајзер“ и „Бајонтек“ пред Божик.

„Нашата цел е да ја одобриме примената на вакцината пред Божик, за да можеме да започнеме со вакцинирање оваа година“, истакна Спан, пренесе АП.

Притисокот што го изврши германскиот министер за здравство врз ЕМА се однесува на вакцината изработена од германската фармацевтска компанија „Бајонтек“ во соработка со американскиот „Фајзер“, што веќе се администрира на граѓани во Велика Британија, Канада и САД.

ЕМА најави состанок на 29 декември во врска со вакцината, а првиот човек на таа агенција, Емер Кук, рече дека неговиот тим работи нонстоп.

Проблемот може да биде и тоа што ЕУ има намера да започне вакцинирање во исто време во сите 27 земји членки, а Германија, според сите проценки, е пред другите и веќе е подготвена да започне масовна вакцинација на своето население.

Министерот Спан исто така изјави дека Германија е подготвена да вакцинира помеѓу 3 и 4 милиони Германци со вакцината на „Фајзер“ и „Бајонтек“ во јануари, уште 11 милиони во текот на првиот квартал од следната година и дури 60 проценти од германските граѓани до крајот на летото 2021 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови