Утрински Весник
Спорт

Гери Невил: Се надевам дека Меси нема да има успеси во Манчестер сити

Гери Невил: Се надевам дека Меси нема да има успеси во Манчестер сити
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гери Невил смета дека се мали шансите Лионел Меси да ја напушти Барселона, но доколку тоа се случи сигурен е дека Аргентиенцот ќе заврши во Манчестер сити.

Мес, во вторникот, побара од клубот да го раскине договорот кој истекува на 30 јуни 2021 година.

„Идејата дека Барселона би можела да остане без својот најдобар играч и дека тој кариерата нема да ја заврши на ноу Камп ми се чини како нестварна. Дали тој навистина сака да замине? Можеби. Сепак, сигурно е дека ќе мора да има состанок со претседателот, потоа ќе реши да остане“, смета поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.

„Доколку дојде во Премиер лигата тоа ќе биде поради Пеп Гвардиола. Дали би сакал да го видам тоа? Да, би сакал да го гледам одблиску Меси. Се надевам дека нема да биде многу успешен“, заклучил Невил.

> Гери Невил: Се надевам дека Меси нема да има успеси во Манчестер сити <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028