Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Ги враќаме училишните спортски игри во Општина Центар

Герасимовски: Ги враќаме училишните спортски игри во Општина Центар

Со пригодна свеченост и со почитување на Ковид-19 протоколите, денес, во ООУ „11 Октомври“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отвори Училишните спортски игри за учебната 2021/2022.

По двегодишна пауза поради пандемијата, од оваа година продолжија Училишните спортски игри во 8-те основни училишта во општината, кои се натпреваруваат во 4 спортови: кошарка, ракомет, фудбал и одбојка за девојчиња.

„ Верувам дека со голема возбуда чекате да започнете со спортската борба и да дадете се од себе за на крајот на годината бидете победници или најдобри стрелци и играчи во сите 4 спортови. Од годинава, во спортските лиги ни се приклучуваат и учениците од новото основно училиште, ‘Киро Глигоров’, кои веќе ја добија својата соодветна спортска опрема и се подготвени рамо до рамо да се натпреваруваат со останатите ученици“, изјави на отворањето градоначалникот Герасимовски.

Градоначалникот Герасимовски на учесниците на спортските игри им посака успех и на крајот на училишната година заедно да ги слават победите и заедно да им се радуваат на успесите.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards