Утрински Весник
Спорт

Георгина доби скап подарок од Кристијано

Георгина доби скап подарок од Кристијано

Кристијано Роналдо обожава скапи работи, така што не изненадува што последниот подарок за неговата партнерка Георгина Родригез е „ситница“ од 120.000 евра.

По хет-трикот против Луксембург, негов 10. во националниот дрес, тој ја орасположи Георгина со 1.38 метарски „Луј Витон“ шкаф за накит со огледало и осум фиоки вреден над 100.000 евра.

„Немам зборови, Кристијано“, напиша Георгина со фотографија од скапиот подарок.

Партнерката на Роналдо наскоро ќе биде ѕвезда на шоу на „Нетфликс“, во кој ќе се објаснува нејзиниот живот и деталите од животот со португалската ѕвезда.

> Георгина доби скап подарок од Кристијано <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026