Утрински Весник
Економија

Георгиевска: Раст на просечната плата и платите во сите сектори, СДСМ го цени и вреднува трудот на работниците

Раст на просечната плата и платите во сите сектори, СДСМ го цени и вреднува трудот на работниците, изјави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

Нагласи дека поддршка на стандардот на граѓаните и зголемување на платите во сите сектори се политики на кои СДСМ е посветена и кои даваат значјани и видливи резултати.

„Успеавме да реализираме едно од клучни ветувања дадено пред граѓаните – просечна плата од 30.000 денари или 500 евра. СДСМ го цени, го почитува и го вреднува трудот на сите работници. Со посветност успеваме политиките за повисоки плати да ги реализираме и во период на најголема светска економска и енергетска криза. Од месец март оваа година минималната плата е 18.000 денари или 300 евра, што е двојно зголемување во однос на 2017 година кога минималната плата во одредени дејности беше под 9.000 денари“, рече Георгиевска.

Како што потсети, постигнат е и договор за рекорден раст на платите од 15 отсто во образованието. За пет години, како што изави Георгиевска, платите во образованието вкупно пораснаа за 36 отсто. Во истиот период платите на вработените во детските градинки се зголемени во просек за 21 отсто.

„Во здравството, за помалку од пет години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто. Повисоки плати денес добиваат и вработените во одбраната, во полицијата и правосудството.“, рече Георгиевска.

Пратеничката најави дека следува усогласување на сите плати со растот на минималната плата согласно Закон, односно најдоцна до месец септември. Тоа значи уште повисоки плати во сите сектори, за повисок животен стандард и полесно надминување на последиците од економската криза.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат