Утрински Весник
Македонија

Георгиевска: Издишаа протестите на Мицкоски

Георгиевска: Издишаа протестите на Мицкоски

Издишаа протестите на Христијан Мицкоски како што издишаа неговите лажни вести во кои никој не верува, изјави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

Според неа, граѓаните јасно му порачале на Мицкоски дека се против блокади против деструкции.

„Никој повеќе не верува во лажните вести и манипулациите од белиот дворец. Затоа на блокадите на сообраќајниците освен соработниците на Мицкоски, освен десетина автомобили, нема никој друг. Издишаа блокадите на Мицкоски како што издишаа неговите обиди да го попречи напредокот на државата кон евроинтегративниот процес. Очигледно е дека голем е стравот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа од страв, од очај, се обидуваат да нанесат штета на државните интереси“, рече Георгиевска.

Таа порача дека СДСМ, парламентарното мнозинство и Владата нема да дозволат заради лични интереси на Мицкоски државата да се врати назад во времето на режим и изолација.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски

ЗНМ и ССНМ: Каква било резолуција не смее да влијае на новинарската слобода на изразување

Велосипедист прегазен во Свети Николе