Утрински Весник
Политички Партии

Георгиевска: Грaд Скопје и Арсовска не сакаат да одвојат еден милион евра за граѓаните да не добиваат повисоки сметки за парно

Георгиевска: Грaд Скопје и Арсовска не сакаат да одвојат еден милион евра за граѓаните да не добиваат повисоки сметки за парно

Најавите на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, дека Градот немал пари за субвенции за разликата во топлинската енергија е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска по секоја цена работат спротивно на интересите на граѓаните, изјави на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

„Според проекциите, за оваа мерка за помош на скопјани, Град Скопје и општините во Градот треба да обезбедат еден милион евра. Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Градот немал пари за оваа намена. Истовремено, над 670.000 евра од градскиот буџет ќе се потрошат на вработувања на определено време на 109 луѓе, најголем дел од нив партиски активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Грaд Скопје и Арсовска не сакаат да одвојат еден милион евра за граѓаните да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување партиски кадри“, рече Героргиевска.

Како што додаде, несериозни и неодговорни се тврдењата дека буџетот веќе бил донесен, секој буџет па и оној на Град Скопје може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза.

„Арсовска, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ нека направат ребаланс, нека се откажат од вдомувањето партиски кадри во Град Скопје и ќе успеат да најдат еден милион евра за да се субвенционира покачувањето на топловдната енергија. Сè друго е обид за оправдување и потценување на граѓаните. Недозволиво е градоначалничката на Скопје да покажува целосна негрижа за своите сограѓани, недозволиво е да бара оправдување за нејзината тотална неспособност. Таа има одговорност, мандат и надлежности да ги решава проблемите на граѓаните, а не да се крие зад разно разни изговори“, рече Георгиевска.

За да нема зголемување на цената на парното за крајните корисници, Владата ќе субвенционира 80 отсто од разликата на реалната и актуелната цена на топловодната енергија. Останатите 20 отсто предложи да ги покријат Градот Скопје и општините.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт