Утрински Весник
Свет

Генчовска ја видела снимката од пожарот: Маж пристигна со велосипед, извади туба со запаллива течност и ја истури

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјави дека штом дознала за пожарот во Домот на културата „Ванчо Михајлов“, тргнала за Битола каде се сретна со првиот човк на полицијата.

„ Директорот на полицијата се залага да вложи максимални напори за разоткривање на сторителот на овој немил и вандалски чин. На снимките на една од камерите успеав да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади туба со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Ова спокојство беше малку нарушено, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се сомневам дека човекот има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носел маска, рече Генчовска.

Таа рече дека очекува дека судството во РСМ ќе си ја заврши работата.

„ Мое лично мислење е дека ова дело е направено ладнокрвно и намерно“ истакна Генчовска.

Таа не верува дека инцидентот ќе влијае на меѓусебниот однос на двете земји.

„ Во моментов нашите односи се нормално конструктивни, има нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство, коментира нашиот министер за надворешни работи.

.

Можете да прочитате

Лекар од Британија осуден на 31 година затвор за обид за убиство со лажна вакцина против Ковид-19

Харис му ја честитала победата на Трамп на изборите за претседател на САД

Трамп преку ноќ стана побогат за милијарда долари