Утрински Весник
Свет

Генералниот секретар на НАТО: „На Европа не и требаат нови одбранбени структури“

Генералниот секретар на НАТО: „На Европа не и требаат нови одбранбени структури“
Dik 300x250 mk

На Европа не и требаат нови структури во однос на одбранбената стратегија на Европската унија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон повика на ревизија на одбраната на ЕУ.

Макрон вчера изјави дека ЕУ треба да дефинира нова одбранбена стратегија што ќе ја зајакне нејзината способност да се брани, иако трансатлантската алијанса на НАТО е корисна и ефикасна, објави Ројтерс.

„Она што ни треба е повеќе капацитет, а не нови структури кои се натпреваруваат за капацитет“, рече генералниот секретар на НАТО Столтенберг на заедничката прес-конференција со француските министри за надворешни работи и за одбрана во Париз.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп