Утрински Весник
Македонија

Гевгелиската гимназија ја одложи екскурзијата за Италија

Гевгелиската гимназија ја одложи екскурзијата за Италија

Гевгелија, 2 март 2020 (МИА) – Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ поради корона вирусот, донесе одлука за одложување на училишната екскурзија во Италија која требаше да се реализира кон крајот на мај од страна на учениците од трета година.

– Одлуката за одложување на екскурзијата следеше по одржаните средби со учениците и Советот на родители, на кои учениците и родителите беа информирани за задолженијата од Министерството за образование и наука за одложување на патувањата за Италија како и за другите превентивни мерки за заштита од корона вирусот, соопштија денеска од гевгелиското средно училиште.

Во ова, како и во сите основни училишта на територијата на општина Гевгелија веќе се применуваат мерките за превентивна заштита од корона вирусот во поглед на едукацијата на учениците и примената на задолжителните хигиенски мерки. им/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

Таравари не остварил средба, но телефонски разговарал со Ахмети

Казна до 10 илјади евра за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците