Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу ја откри тајната за својот младешки изглед

Гвинет Палтроу ја откри тајната за својот младешки изглед

Гвинет Палтро е цврсто решена да остане здрава и свежа додека се самоизолира во нејзиниот дом во Лос Анџелес среде пандемија на Ковид-19 со семејството – сопругот Бред Фалчук и нејзините тинејџерки Епл и Мозис Мартин, од првиот брак со Крис Мартин.

47-годишната актерка Гвинет Палтроу ја откри новата трендовска диета со која ја одржува нејзината фигура да изгледа млада како пред 25 години.

„Бидејќи не патувам, се навраќам на основните работи што прават да се чувствувам добро: ајурведско јадење, наизменично постење (1 до 4 дена неделно), и свежа, чиста, хранлива густа храна“, објави актерката на својата веб-страница „Гуп“.

Древната наука за животот ајурведа (алтернативна медицина) се заснова на петте елементи: етер, воздух, оган, вода и земја. Единствената комбинација на овие елементи ги соединува трите доши – вата доша (простор и воздух), пита доша (оган и вода) и капа доша (вода и земја) – според Центарот за јога и здравје Крипалу.

Оскаровката сака да има младешки изглед ист како во 1990-тите и се труди да изгледа што посвежо. Таа пешачи и практикува јога.

„Што се однесува до вежбањето, на мојата веб-страница споделив Булдог јога, CorePower Yoga, ‘Часови од Тејрин Туми и Трејси Андерсо’, и пешачам секој ден или секој втор ден. Одам на прошетки со Бред на свеж воздух и малку сонце.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид