Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу претстави нов вибратор во морнарски стил

Гвинет Палтроу претстави нов вибратор во морнарски стил
Ss2

Гвинет Палтроу го привлече вниманието како актерка, но тоа ѝ успева и како претприемач. Нејзината лајфстајл-компанија Goop често предизвикува интерес кај јавноста поради интересните совети за велнес и животен стил, а понекогаш и крајно невообичаени производи.

Таа изненади многумина со презентацијата на нов вибратор во морнарски стил, кој гарантира полесен и многу повозбудлив начин да се стигне до целта.

300x250 (7)

Новата секс-играчка што ја лансираше компанијата на Гвинет Палтроу, им ветува на жените лесен пат до задоволство до кое можат да отпловат со наутичка тематика. Имено, компанијата во голем стил го претстави новиот вибратор специјално дизајниран да ја стимулира Г-точката и да го зголеми задоволството.

На една фотографија може да се види монтаж на која предимензиониран вибратор се потпира на ограда на брод, а доаѓа во бела и темно сина боја со златен детал.

Ваквото претставување на новиот вибратор на Инстаграм-профилот на познатата актерка поттикна дискусија, а многу жени следачи ја прифатија играта и продолжија да се шегуваат на сметка на ова помагало.

Некои истакнаа дека играчката наликува на анимираниот лик Марџ Симпсон, други ја поврзуваа со филмот „Титаник“, а некои коментираа дека ги потсетува на бумеранг. Имаше и такви кои напишаа дека се восхитуваат на „капетанот“ на бродот.

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината