Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу му купила на синот мозаик сложувалка од 40 долари за да се забавува

Гвинет Палтроу му купила на синот мозаик сложувалка од 40 долари за да се забавува

Холивудската актерка Гвинет Палтроу откри дека на својот 14-годишен син му купила мозаик сложувалка со 450 парчиња за да се забавува во самоизолација.

47-годишната актерка и лајфстајл дива ова го напиша во неделата во објавата на нејзината велнес веб-страница „Гоп“ (Goop).

Таа објави водич за некои производи кои ѝ помагаат да го издржи летото во самоизолација, а сложувалката од 40 долари е меѓу нив.

Ѕвездата на оскаровецот “Вљубениот Шекспир“ го дели старателството над двете деца со фронтменот на „Колдплеј“ Крис Мартин, со кого беше во брак од 2003 до 2016 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вакцина против старечките „зомби“ клетки

Eдноставни тестови откриваат дали доматот е навистина добар

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда