Утрински Весник
Економија

„Гаспром“ планира да ги зголеми испораките на гас во Европа преку Украина

„Гаспром“ планира да ги зголеми испораките на гас во Европа преку Украина

Руски Гаспром објави дека резервирал значително поголем капацитет за транспорт на гас преку украинскиот гасовод до Европа, еден ден откако рускиот напад врз соседната земја поттикна голем број земји да и’ се закануваат на Москва со санкции.

„Гаспром редовно испорачува руски гас за транзит низ Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи“, соопшти компанијата, според извештајот на Интерфакс.

Тоа би значело дека денеска би биле испорачани 103,8 милиони кубни метри гас, пресмета агенцијата ДПА.

Повикувајќи се на податоци од украинскиот систем за пренос на гас, тие објавија дека денеска резервирале капацитет во украинскиот гасовод за транспорт на речиси 100 милиони кубни метри гас, 20 отсто повеќе отколку во четвртокот.

Транзитот на рускиот гас се зголемува од понеделникот, кога изнесуваше околу 50 милиони кубни метри. Тоа е повеќе од половина од договорните обврски на Гаспром кон европските клиенти.

Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите