Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Гал Гадот се трансформира во злобна кралица за Дизниевиот римејк на „Снежана“

Гал Гадот се трансформира во злобна кралица за Дизниевиот римејк на „Снежана“
Img 7972

Откако ја презеде мантијата на жената-чудо или „Вондер вуман“ во два филма (со трет на пат), Гал Гадот сака да го смени својот лик на добронамерна суперхероина за негативец во друг универзум.

Актерката, која моментално е во завршни преговори со „Дизни“, наскоро може да се појави пред огледалото како злобна кралица (Evil Queen) во претстојната студијска адаптација на „Снежана“. Продукцијата на филмот се очекува да започне во 2022 година.

Снимен според истоимената бајка на браќата Грим, оригиналниот анимиран филм „Снежана и седумте џуџиња“ беше објавен во 1937 година, по што доживеа огромен успех во светски рамки. Тој беше првиот долгометражен филм на „Дизни“.

Во него, лошата кралица имаше волшебно огледало кое секојдневно го прашуваше: огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е?

Марк Веб („Чудесниот спајдермен“) ќе го режира проектот заедно со Марк Плат како продуцент. 20-годишната Рејчел Зеглер, ѕвездата на новиот филм на Стивен Спилберг „Приказна од западната страна“, ќе ја глуми принцезата.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време