Утрински Весник
Македонија

Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

Дебар, 25мај 2020 (МИА) – До високопреподбниот архимандрит
Партениј и понатаму пристигнуваат честитки за неговиот
избор за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија,
со желби за добро здравје, долг живот и продолжување на
неговата благородна мисија започната пред четвртвек.

Во низата честитки кои приситигнуваат од сите страни, е и
честиката од Месната заедница на познатото село
Галичник, каде Архимандрит Партениј последните години
редовно го обавува чинот на венчавање на младожениците на
Галичката свадба.

– Честитки од длабочината на нашите срца и души. Ви
посакуваме долги години добро здравје, успешна работа и
продолжување на мисиите на прифаќање, разбирање и љубов,
општествена работа и соработка, стои меѓу другото во
честитката.

Честитка упати и раководството на Здружението на граѓани
„Брзовец“ од село Тресонче, во име на жителите по потекло
од едно од неколкуте преубави села во подрачјето на Мала
Река.

– Тресончани,како врпочем сите Мијаци, со векови биле и
сеуште се нераскинливо позрзани со нивната духовна
ризница-Бигорскиот манастир и братството. Како во
минатото, така и во иднина, ќе продолжиме со грижата  за
традицијата наследена од нашите предци за негување на
меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир – „Св. Јован
Крстител“, напишаа Тресончани меѓу другото во честитката.

На седницата на Светиот архиерејски синод, на 21 мај,
игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“,
високопреподбниот архимандрит Партениј, беше едногласно
избран за нов епископ на Македонската православна црква –
Охридска архиепископија.

Ова се случува во годината во која ова македонско древно
светилиште одбележува два големи јубилеја: 1.000 години од
основањето и 25 години од возобнувањето на монашкото
братство.

Одбележувањето започна вечерта на Бадник со промоција на
првата книга со беседи „Бог се јави во тело, воскресна во
слава” на архимандрит Партениј,  продолжува низ целата
година, а главната прослава ќе се одржи на 18 октомври.

Инаку, наречението (објавување на веста пред верниците) за
отец Партениј е закажано за 11 јули во Бигорскиот манастир
а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и
Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во
Охрид. вт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!