Утрински Весник
Политички Партии

Галески: Извештајот за работата на „Водовод“ покажува недомаќинско работење

Галески: Извештајот за работата на „Водовод“ покажува недомаќинско работење

„Директорот на ‘Водовод’ не е на седницата затоа што има катастрофален извештај, кој укажува на недомаќинско работење, дека компанијата што ја води не се грижи за своите приходи бидејќи има исклучително слаба реализација на наплатата и извештај што говори дека неразумно се трошени парите, особено на некапитални расходи. Има зголемени трошоци за вработувања и превработеност во структурата на претпријатието“, изјави советникот во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески, на денешната седница на Советот.

Галески потенцира дека извештајот за претпријатието остава простор и за ревизија на самото негово работење, особено што има загрижувачки тенденции во овие девет месеци.

„Извештајот покажува зголемување на бројот на вработените, а зошто имало потреба од дополнителни вработени преку Агенцијата за привремени вработувања, во извештајот нема дадено такво објаснување, иако задолжително би било да се даде објаснување за нивната работна задача. Во годината се книжи 1 милијарда 187 милиони денари приход, но она што шокира е фактот што овие исти пари во годината, во овие девет месеци, има наплата од само 684 милиони денари, што значи 57,6 % од фактурите се наплатени. Во која било друга фирма, каде што има успешност од 57 %, или директорот си дава оставка или доаѓа друга компанија то прави ревизии на самото работење“, потенцира Галески.

Тој додава дека сите пари примени за фактури за 2021 година се 58 % од тоа што треба да се наплати кај домаќинствата и 62 од фирмите, што значи некаде околу 40 % од ненаплатените фактури доаѓаат од компании и посочи дека добро е да се види кои се тие компании и дали тие се повластени.

„Во 2020 е направено отпис на побарувањата во износ од 4 милиони евра, а во 2021 година од речиси 3 милиони евра и ако се споредат со приходите, означи дека се бришат долгови на 15 %, а лани на 20 %. Има долгови на фирмата кон доставувачи, кои се зголемиле за 60 милиони денари или 1 милион евра, но најзабележливо е зголемувањето на трошоците за репрезентација, за 9 месеци зголемени се 464 %. За спонзорство и донации зголемени за 451 %. Додека репрезентациите растат, 500.000 луѓе живеат само со 150 денари на ден. За Агенцијата за привремени вработувања зголемени се трошоците од 17 милиони на 21 милион, но она што шокира е дека за три телефони се потрошени по 1.000 евра, ќе беше добро директорот да објасни зошто на претпријатието му требале три телефони по 1.000 евра“, истакна Галески.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт