Утрински Весник
Култура

Гала оперски концерт „ARIGATO“ на сцената на Националната опера и балет

Гала оперски концерт „ARIGATO“ на сцената на Националната опера и балет

На 18.2.2022 (петок), со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт насловен како „ARIGATO“, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“.

Концертот се организира во знак на благодарност кон пријателска Јапонија, по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Национална опера и балет”.

Проектот се реализираше во соработка со Јапонската организација за меѓународна соработка (ЏАЈКА – Балкан) во рамки на програмата за културни грантови. Проектот започна во август 2018 година, а заврши во август 2021 година.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Милчо Александров, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска

На Гала оперскиот концерт ќе настапат нашите солисти: Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Елена Голомеова – сопран, Соња Пендовска Мадевска – мецосопран, Благој Нацоски – тенор, Зоран Сотиров – тенор, Никола Стојчески – тенор, Ристе Велков – баритон, Игор Дурловски – бас, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

На програмата ќе бидат изведени арии, дуети и хорски делници од опери и оперети од композиторите: В. А. Моцарт, Ш. Гуно, Џ. Пучини, Џ. Верди, Л. Делиб, Р. Штраус, Г. Доницети, Р. Леонкавало, Ф. Лехар и др.

Текстот Гала оперски концерт „ARIGATO“ на сцената на Националната опера и балет е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“