Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема

300x250 opst2

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство по повод адаптиран нов простор за Дневната болница и салата за киретажа.

„Изминатите месеци интензивно работевме за да се опреми и оспособи една Дневна болница во рамките на Клиниката, со оглед на тоа што сега установата е и ковид центар. Сега имаме едно навистина современо опремен мини центар за изведување на мали интервенции. Тука се изведуваат абортусите, со целосно опремени нови кревети. Дневна болница којашто ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна оваа интервенција. Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија, со што значајно се зголемува капацитетот“, потенцираше министерот Филипче.

Во изјавата за медиуми, тој истакна дека се разговарало и за промена на системот којшто година дена функционира, после промената на Законот за абортус, кога волјата на жената се стави на прво место.

„Навистина е многу симплифициран целиот тој процес, нема повеќе чекање од три дена. Веднаш се спроведуваат постапките согласно новата измена на законот и во последните два месеци за првпат на клиниката после соодветната набавка и медикаментозниот абортус, посебно кај жените во пораните фази на бременоста. Сега на овој современ и навистина европски начин освен стандардниот може да се спроведе и медикаментозниот абортус“, рече Филипче.

Во следниот период, Филипче најави почнување на постапка за набавка на современ хируршки апарат – роботска хирургија каква што нема во земјава. Овој апарат ќе се користи најмногу од страна на експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози. Со ова, значајно ќе се зголеми квалитетот на здравствената услуга во еден сегмент во којшто досега го нема во нашата земја.

„Во текот на пандемијата, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство секојдневно се справува со затечените состојби во оваа установа. Секако просторно немавме можности во адекватни услови да се изведуваат киретажите и абортусите на клиниката. Успеавме да преадаптираме простор во којшто ќе се изведуваат киретажите и пациентите ќе имаат адекватни услови и третман“, изјави директорката на установата д-р Викторија Јовановска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид