Утрински Весник
Спорт

Гави ќе добие двојно поголема плата, но и отштетна клаузула од една милијарда евра

Големиот талент Гави ќе остане на „Камп Ноу“ и во наредниот период. Раководството на клубот договори речиси се за нов потпис на младиот фудбалер за врска. Агентот на играчот, инаку поранешен култен играч на Барселона, Иван де ла Пења, изрази задоволство од напредокот на преговорите.

Гави ќе добие двојно поголема плата од сегашната, која изнесува околу 6 милиони евра годишно. Многу важна за Барселона е отштетната клаузула. Ќе биде астрономска како и на некои други фудбалери кои ги продолжија договорите на „Камп Ноу“ и ќе изнесува една милијарда евра.

Досегашната отштетна клаузула во договорот на Гави изнесуваше 50 милиони евра.

> Гави ќе добие двојно поголема плата, но и отштетна клаузула од една милијарда евра <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина