Утрински Весник
Спорт

Габриел Жесус од следната сезона во Арсенал?

Габриел Жесус од следната сезона во Арсенал?

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, би можел од следната сезона да го носи дресот на Арсенал. Тој во последниот период е резерва во тимот на Пеп Гвардиола, па бразилскиот репрезентативец сериозно ќе ја разгледа можноста да се пресели на „Емирати“.

На менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, исклучително многу му се допаѓаат квалитетите на Жесус и му порача на техничкиот директор Еду да се обиде да го доведе во Лондон.

Оваа сезона Габриел Жесус има 23 натпревари и три постигнати гола во Премиерлигата.

> Габриел Жесус од следната сезона во Арсенал? <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027