Утрински Весник
Македонија

В четврток и петок во Кочани и Виница прво авионско прскање против комарци

В четврток и петок во Кочани и Виница прво авионско прскање против комарци

Кочани, 2 јуни 2020 (МИА) – Општините Кочани и Виница неделава координирано ќе реализираат прво авионско прскање против комарците за оваа година.

Третманот во Кочани е планиран за четврток наутро, а во Виница ќе се спроведе следниот ден во истиот термин.

Прскањето е дел од годишните програми на двете локални самоуправи за дезинсекција и заштита на населението од заразни болести, за што Општина Кочани ќе потроши околу 1,5 милион денари, а соседната општина над половина милион денари.

-Авионското прскање ќе го спроведе друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово, при што ќе се користи еколошко средство за  уништување  на  комарците, односно широкопојасен инсектицид одобрен од  Бирото за лекови. Со третирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани и  низинските села  на вкупно 3.400 хектари, истакнаа од Одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

На територијата на општина Виница ќе се прска на 1.500 хектари, што е помалку за една четвртина во споредба со лани, а освен населените места, ќе биде опфатено и земјоделско земјиште, првенствено ниви засеани со ориз.

Двете локални самоуправи апелираат до граѓаните кои одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето, а ако има несоодветни временски услови, прскањето ќе се одложи за следниот поволен ден. та/сст/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Британски и американски документи за македонската победа над фашизмот: Македонското партизанско движење попрво е националистичко, отколку комунистичко

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!