Остануваат уште два дена до завршување на анкетата за креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во Општина Центар.
Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ ги повикуваат сите жители да се вклучат, да го одговорат анкетниот прашалник за Општина Центар да биде подобро место за живеење.
Веднаш по завршувањето на анкетата, в четврток и петок (3.12. и 4.12.) ќе се одржат и буџетските форуми.
„Поради состојбата со Ковид-19 пандемијата, оваа година граѓанските буџетски и проектни форуми ќе се одржат онлајн, а учество ќе можат да земат сите жители на општината и со дебата и дискусија, да предложат дополнителни проекти и истите по важност да ги приоретизираат“, информираат од општината.
Седма година Општина Центар ги организира и реализира граѓанските буџетски и проектни форуми, на кои граѓаните преку свои предлози, идеи и проекти учествуваат во креирањето на буџетот на општината и подобрување на условите за живот и престој.
Граѓаните анкетниот прашалник можат да го најдат на општинската веб страна.