Утрински Весник
Македонија

В понеделник седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот

В понеделник седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и  мерките што стојат на располагање.

Тој на денешната прес конференција повика лидерите на партиите во наредните денови да ги преиспитаат ставовите за неодложување на изборите и водење кампања преку социјалните мрежи, затоа што, според него, спорен е и самиот изборен ден кој треба да се организира во вакви услови. На парламаентарните избори, рече Пендаровски, во просек гласаат над еден милион граѓани, а во нивната организација учествува 30-илјадна администрација.

Пендаровски ги повика лидерите на партиите да се наравратат на ова прашање во наредните пет до 10 дена.

-Лидерите на партиите во наредните пет до десет дена повторно да се навратат на ова прашање, бидејќи на сите ни е кристално јасно дека апсолутен приоритет во оваа ситуација е здравјето на нашите граѓани, а не политичките или партиски интереси. И се разбира за тоа треба да има комплетен консензус. Не треба да се брза со таа одлука, меѓутоа ситуацијата објективно и околу нас и кај нас се усложнува во делот на ентузијазмот луѓето да гласаат, рече Пендаровски.сст/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер