Утрински Весник
Свет

В недела втор круг од претседателските избори во Франција

В недела втор круг од претседателските избори во Франција

Во Франција в недела ќе се одржи вториот круг од претседателските избори на кои ќе се натпреваруваат актуелниот претседател и лидер на „Републиката во движење“ Емануел Макрон и кандидатот на десницата, Марин Ле Пен.

Додека Макрон веројатно има најголеми шанси за реизбор во споредба со неговите претходници, Ле Пен се бори за својата политичка иднина, бидејќи поразот во третиот поход за Елисејската палата би предизвикал промени на чело на нејзината партија, „Националeн собир“.

Последните истражувања на јавното мислење предвидуваат дека Макрон ќе победи со 57 отсто од гласовите, наспроти Ле Пен, која би можела да добие десетина процентни поени помалку.

Сепак, маргината за победа би била помала отколку на изборите во 2017 година, оценува „Политико“.

Можете да прочитате

Канадскиот премиер: Русија ќе ја загуби војната

Зеленски: Русија лансираше околу 90 ракети и 600 дронови

Русија ја нападна Украина со „Орешник“