Утрински Весник
Свет

Вјоса Османи е новата претседателка на Косово

Вјоса Османи е новата претседателка на Косово

Собранието на Косово вечерва ja избра првата претседателка на државата.

Со 71 глас „за“ и 11 воздржани, Вјоса Османи беше избрана за нова претседателка на Косово со 5-годишен мандат.

Османи, која по професија е адвокатка, за функцијата беше предложена од редовите на владејачкото Движење Самоопределување на косовскиот премиер, Албин Курти.

„Констатирам дека Собранието на Република Косово ја избра г-ѓа Вјоса Османи-Садриу за претседател“, соопшти претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца.

Можете да прочитате

САД и Ирак ќе ја „интензивираат соработката“

Украина преговора со земји од Блискиот Исток за снабдување со дизел

Франција распоредува борбени авиони во Литванија