Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Вчера се аплицирани 14.554 вакцини

Вчера се аплицирани 14.554 вакцини
Img 7972

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 685.775 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.688 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.193.218 дози вакцини, а ревакцинирани се 507.443 граѓани.

Со последните бројки 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 65 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 56% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Можете да прочитате

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски

Мисајловски од состанокот за спроведување на Националната развојна стратегија: Инвестираме во одбраната и армиските капацитети за безбедна држава и сигурни граѓани