Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Ситуацијата со Косово не е добра, сè оди кон тоа да ги признаеме

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по воената вежба „Штит 2022“ изјави дека Србија е чувар на мирот и стабилноста и дека така ќе биде и понатаму, но дека повеќе нема да биде нечија канта за удирање, пренесува РТС.

Вучиќ истакана дека Србија нема што добро да очекува во однос на Косово и Метохија и нагласи дека сега не се води дијалог со Курти.

„Нема што добро да очекуваме. Многумина мислат дека ситуацијата во Украина ќе биде надоместена со Косово, немаме ништо добро да очекуваме од разговорите за Косово и Метохија бидејќи не разговараме. Порано имавме дијалог, но сега со Курти го немаме“, кажа Вучиќ.

„Што се однесува до Косово и Метохија, ситуацијата не е добра, сè оди кон протерување на Србите од таму и Србија да ја признае косовската независност, јас сум голем скептик во тој поглед“, рече српскиот претседател.

Тој зборуваше и за санкциите против Русија.

„Во меѓународната политика нема пријателства, вечни се само интересите“, додаде Вучиќ.

Можете да прочитате

Експерт за демографија: „Не можете да ги подмитите луѓето да имаат деца“

ЕК предлага зголемување на таксата за безвизно патување од 7 на 20 евра

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија