Утрински Весник
Македонија

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Српската Народна партија го тужи Вучиќ поради воведувањето на полициски час

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион проблеми.

Говорејќи за 8.000 вакцини на „Фајзер“ што од Србија треба да пристигнат во Maкедонија, Вучиќ нагласи дека станува збор за братски и пријателски потег што ја покажува одговорноста на Србија, која знае дека не живее изолирана, туку се грижи и за соседите.

„Што би ни вредело на сите да бидеме здрави ако луѓето во соседството имаат безброј проблеми? Можеме да бидеме среќни и задоволни, ако нашите соседи се задоволни“, рече Вучиќ, пренесе Курир.рс.

Тој додаде дека е сигурен оти и кинеските и руските вакцини ќе бидат популарни во Северна Македонија, а „Фајзер“ и „АстраЗенека“ во Албанија, поради различен политички однос, но исто така посочи дека Србија нема проблем да и помогне на Албанија и на кого има потреба.

„Ако утре некој не праша од РС, БиХ, како можеме да одбиеме? Нормално е да се помогне“, рече Вучиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР