Утрински Весник
Македонија

Вучиќ, Заев и Рама ќе разговараат за „мини Шенген“

Вучиќ, Заев и Рама ќе разговараат за „мини Шенген“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку видео – конференција ќе разговара со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „мини Шенген“.

Вучиќ, средбата ја најави уште минатата недела, а денеска стигна потврда од неговиот кабинет.

„Во рамките на нашата регионална иницијатива, која многумина ја нарекуваат „мини Шенген“, продолжуваме да ги подобруваме нашите односи. Веруваме дека ќе донесеме конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи на територијата на нашите земји. Верувам дека заедно ќе овозможиме проток на добра, капитал, луѓе и услуги“, рече тогаш Вучиќ.

Тој посебно го издвои таканаречениот систем на работни дозволи, за којшто утре ќе стане збор.

„Според овој систем оној што ќе добие дозвола на територијата на една од овие три земји ќе има работна дозвола за секоја од земјите, што е од голема важност“, истакна Вучиќ.

Можете да прочитате

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана

По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена да прифати повредени

Превртена цистерна три дена го блокираше патот Струга – Ќафасан