Утрински Весник
Свет

Вучиќ вети просечна плата од 1.000 евра

Вучиќ вети просечна плата од 1.000 евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека до крајот на работата на идната влада просечната плата би можела да биде 1.000 евра.

Коментирајќи ја економската состојба во земјата, Вучиќ гостувајќи во „ТВ Пинк“ рече дека Србија во последните две години, од почетокот на епидемијата на коронавирус, го постигнала најбрзиот економски напредок во цела Европа.

„Првпат ни се враќаат лекари и медицински сестри од Германија. Сакаат да се вратат во својата земја. Имаме проблем со занаетчиите и мораме да најдеме начин да ги вратиме во Србија. До крајот на мандатот на следната влада просечната плата ќе биде 1.000 евра, а пензијата 500 евра. Тоа е остварливо, доколку нема надворешни проблеми и големи потреси на светско ниво“, рече тој.

Претседателот на Србија рече дека на државата и недостасуваат водоинсталатери, возачи, механичари.

Осврнувајќи се на државната помош од 100 евра за младите и критиките дека тоа е популистичка мерка и поткуп на гласачи пред избори, Вучиќ рече дека ако можеа, како што вели, истото ќе го направеа и претставниците на опозицијата.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе