Утрински Весник
Свет

Вучиќ бара да се овозможи бесплатна вакцинација за Македонците

Вучиќ бара да се овозможи бесплатна вакцинација за Македонците
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, побарал од Владата на Србија да обезбеди бесплатна вакцинација за сите граѓани на Македонија.

Според информациите на Б92, Вучиќ побарал македонските државјани да примаат вакцини по избор. Доколку предлогот се прифати, Македонците во Србија ќе можат да примат некоја од четирите вакцини на „Фајзер“, „Синофарм“, „Астразенека“ или „Спутник в“.

Да потсетиме, сите граѓани на БиХ од вчера, каде било и во кое било време, во Србија можат бесплатно да се вакцинираат и да добијат потврда за тоа.

„Тие можат да се вакцинираат целосно бесплатно и да добијат потврда за тоа, како и граѓаните на Србија“, рече Вучиќ, потенцирајќи дека земјата има доволно вакцини и дека успеала да вакцинира околу 630.000-640.000 нови граѓани во последните дваесетина дена.

Македонските власти, пак, донесоа одлука дека српските државјани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини, во знак на благодарност за претходните донации во вакцини од страна на Србија.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп