Утрински Весник
Свет

Вториот бран на епидемијата зема замав во Белгија

Вториот бран на епидемијата зема замав во Белгија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белгиските епидемиолози предупредуваат на зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, ситуација која ја најавуваат како почеток на вториот бран на епидемијата.

Белгија бележи постепено зголемување на бројот на нови инфекции од почетокот на јули. Во текот на втората недела од јули се регистрирани просечно по 114,7 нови случаи на ден.

Неделава бројот на заразени се зголеми за 32 проценти, што веќе се наведува како постојан тренд на раст.

„Ова не е добра вест. Ова е повик за будење. Со месеци сме немале волку нови инфекции“, рече белгискиот виролог Марк Ван Ранст.

Тој забележува дека во понеделникот на 13 јули имало 216 нови случаи на Ковид-19 и потсетува дека Белгија имала 214 нови инфекции на 15 март, кога биле воведени рестриктивни мерки.

Најмногу зарази во еден ден Белгија забележа на 10 април, кога беа регистрирани 2.319 нови случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати