Утрински Весник
Култура

Втора изведба на операта „Норма“ во рамките на 50. Мајски оперски вечери

Во рамки на 50. Мајски оперски вечери на 11 мај, со почеток во 20.00 ч. втора изведба на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини.

Трагична опера во два чина, една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, позната по магичната арија-молива на Норма „Casta Diva”.

Под диригентската палка на гостинот од Италија, Енрико Довико, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф: Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор: Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Во насловната улога ќе настапи: Благица Поп Томова, во улогата на Полионе: Ѓорѓи Цуцковски, Адалџиза: Николина Јаневска Оровезо: Иван Томашев (Србија), Клотилде: Марика Поповиќ, Флавио: Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Текстот Втора изведба на операта „Норма“ во рамките на 50. Мајски оперски вечери е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“