Утрински Весник
Македонија

Втора акција за дезинфекција и миење на јавните простори во Скопје

Втора акција за дезинфекција и миење на јавните простори во Скопје
Dik 300x250 mk

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Екипите на Град Скопје вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во главниот град за да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена.

Град Скопје информира дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ги мијат и дезинфицираат јавните површини во паркот „Ибни Пајко“. Во текот на вчерашниот ден рачно и со посебна опрема се исчистени и дезинфицирани патеките, клупите, павилјоните, дрвените мостови, детските реквизити и справите за вежбање во трите дела на Градскиот парк, во парковите во Чаир и Ѓорче Петров, во парковите „Македонија“ и „Жена Борец“ и во Рајскиот парк во Аеродром. Повторно е извршена дезинфекција на јавните површини и во СРЦ „Сарај“, во паркот на природата „Гази Баба“ и во парк-шумата „Водно“.

Скопските пожарникари вчера извршиле целосна дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар. Се чистеле и патеките и урбаната опрема.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршиле рачно миење и дезинфекција на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“. На градските улици и булевари извршено е машинско миење и дезинфекција на коловозите.

Градските власти нагласуваат дека во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје – плоштадот „Македонија“, Камениот мост, мостот „Гоце Делчев“, улицата „Македонија“, плоштадот „Филип Втори“ и Старата скопска чаршија. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на Град Скопје – подземните и надземните контејнери и нивната микролокација. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман