Утрински Весник
Свет

Врховниот суд на САД ќе ја поништи одлуката за легализирање на абортусот?

Оригиналната, неофицијална мнозинска одлука на судот што протече во јавноста сугерира дека Врховниот суд на САД ќе гласа за поништување на одлуката донесена во случајот Ро против Вејд, со кој во 1973 година се легализираше абортусот низ САД, објави американскиот портал Политико.

Новинарот на Политико Џош Герштајн, кој ги објави наодите, прецизираше дека мислењето на судијата, објавено на 10 февруари, можеби во меѓувреме се променило.

Ројтерс досега не можеше да ја потврди оваа информација од независни извори, но доколку е точна, би било преседан предлог-одлуката на Врховниот суд да биде јавно објавена пред нејзиното официјално објавување.

Експертите претпоставуваат дека протекувањето на оваа одлука го донел загрижениот функционер, со надеж дека реакцијата на јавноста ќе доведе до нејзина промена.

Засега и Врховниот суд на САД и Белата куќа одбија да ги коментираат написите на порталот Политико.

Група луѓе се собраа пред Врховниот суд за да протестираат против оваа судска одлука и за правото на абортус.

Можете да прочитате

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната