Утрински Весник
Свет

Врховниот суд на Русија го прогласи украинскиот полк „Азов“ за терористичка група

Врховниот суд на Русија денеска го прогласи украинскиот полк „Азов“ за терористичка група, јави дописникот на „Ројтерс“ од судницата.

dobivaj vesti na viber

Единицата за специјални операции „Азов“, која има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е една од најпознатите украински воени формации кои се борат против Русија во источна Украина.

Русија често го наведуваше примерот на „Азов“ во прилог на тврдењето дека Украина е контролирана од „фашисти“, а Москва милитантите од таа формација ги споредуваше со нацистите од Втората светска војна.

Многу членови на „Азов“ беа заробени по падот на Мариупол, по опсадата што траеше речиси три месеци.

Официјални лица на самопрогласената Народна Република Доњецк /ДНР/, кои го окупираа Мариупол, во мај објавија дека заробените милитанти на „Азов“ може да бидат осудени на смрт, според законите на ДНР.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста