Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Врховниот суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Img 7972

Врховниот суд му ја потврди затворската казна од година и пол на поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Насилство во Центар“.

Всушност, судот го отфрли неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата.

„Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје и пресуда на Апелациониот суд Скопје, во јавноста позната како ‘Насилство во Општина Центар’, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено“, информираат од судот.

Од таму додаваат дека на сила останува казната одредена со правосилната пресуда.

„Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело насилство, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021“, велат од судот.

Можете да прочитате

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја

ТОШКОВСКИ: Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“

АВМУ: Во периодот на предизборието не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик, медиумите генерално се придржуваа кон објективност и непристрасност