Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Врховниот суд во Њујорк ја укина одлуката за задолжително носење маски

Врховниот суд во Њујорк ја укина одлуката за задолжително носење маски
Img 7972

Судијата во Врховниот суд на државата Њујорк, Томас Радемејкер, денеска ја укина одлуката за задолжително носење маски и рече дека гувернерката на таа држава ги пречекорила овластувањата во наметнувањето на правила што требаше да ги усвои законодавното тело.

Гувернерката на Њујорк, Кејти Хочул, реагираше на одлуката на судот и рече дека ќе ја искористи секоја опција што ја има за таквата одлука веднаш да се укине, пренесува „Ројтерс“.

„Остро се противиме на оваа пресуда и ќе ја искористиме секоја опција за веднаш да ја поништиме“, наведе таа во соопштение.

„Моја одговорност како гувернер е да ги заштитам жителите на Њујорк за време на оваа здравствена криза, а овие мерки помагаат да се спречи ширењето на Ковид-19 и да се спасат животи“, додава Хочул.

Радемејкер изјави дека неговата пресуда во никој случај не има за цел да ја доведе во прашање ефикасноста и потребата од носење маска како средство за борба против коронавирусот, туку дека усвојувањето на какви било закони за таа цел му е доверено исклучиво на државното законодавство.

Гувернерката Хочул прогласи вонредна состојба набргу откако Светската здравствена организација на 26 ноември објави дека омикрон сојот на коронавирус е причина за загриженост.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори