Утрински Весник
Македонија

Врнежливо со силен ветер и постудено

Облачно со дожд и ветер, температурата до 20 степени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Во земјава денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на места и над 25 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер од над 70 километри на час. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 9 до 13 степени.

Во Скопје облачно со дожд што повремено ќе има пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи дожд, а на планините  снег. Во петок и за време на викендот времето ќе се стабилизира. фф/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Гаши со апел до пратеничките групи да се избере Народен правобранител

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни