Утрински Весник
Македонија

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња, во Гостивар водата забранета за пиење

Најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во реките и езерата (инфографик)

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа драстично зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и во битолскиот регион. Тие известуваат и за појава на заезерени површини на рамниците во Пелагонија и Полог.

Надојдувања на реките се регистрирани на Вардар, Треска, Лепенец, Пчиња, Бабуна, Брегалница, Струмица, Црна и Сатеска. Наглото зголемување на водите во реките и заезерувањата се резултат на заситеноста на почвата од вода, информираат од УХМР. Само во изминативе 24 часа, до 7 часот измерени се наврнати 48 литри на метар квадратен во Пожаране, 39 во Тетово, 36 во Виница, 34 во Крушево и по 26 литри на метар квадратен во Скопје на Зајчев Рид, Охрид, Гевгелија и Ѓуриште.

Обилните врнежи предизвикаа водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем да се забрани за пиење. Општина Гостивар информираат дека поради врнежите дошло до заматување на водата во изворот на реката Вардар. Од ЈКП „Комуналец“ Гостивар велат дека водата од гостиварскиот водоводен систем е загадена и не смее да се користи за пиење, а забраната за користење ќе трае до наредното известување.

Во кумановскиот регион, од излевањето на Крива река, поплавено е земјоделско земјиште, куќи и викендички во селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Клечовце и Макреш, а од излевањето на реката Пчиња земјоделско земјиште во селата Шупљи Камен, Пчиња и Студена Бара. Во кривопаланечко излеани се реките Отошница и Ветуница, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Инаку, од УХМР известуваат дека врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на денешниот ден, кои на некои места ќе бидат пообилни и поројни. Намалување на интензитетот на врнежи се очекува од утре, но синоптичарите прогнозираат и поладно време и можност за врнежи од снег од среда.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот