Утрински Весник
Македонија

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето денеска ќе биде променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има променлива облачност, а од пладне повремено ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе започне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на Пластичарска во Скопје

Сепак имало проблем во МНАВ со фрекфенциите?! Проблемот сами го пријавиле во системот

Македонец осуден за подготовка на џихадистички напад во Виена